Размена или враќање на производ
Купувачот при прием на пратката треба да ја прегледа истата, да провери дали испорачаното одговара на нарачката и во присуство на нашиот доставувач да утврди дека производите се во добра состојба или пак, во истиот момент треба да се пожали доколку пратката е неисправна.
Купувачот има право да побара враќање на производот кога:
- се испорачани производи кои не се нарачани, или
- кога се испорачани производи кои имат грешка или оштетувања кои настанеле при транспортот или од производителот
Правото на купувачот да го врати производот што му е испорачан ќе се почитува само доколку:
- производот не бил употребуван
- сочувани се: изгледот, употребните својства, пакувањето и фабричките етикети на производот;
- при поднесување на барање за замена односно враќање на производ приложи фискална сметка или сметкопотврда и целокупната друга документација која на потрошувачот му била издаденa заедно со производот.
Производот кој е неупотребуван, неотпакуван, може да се врати во рок од 5 дена, истиот да се замени со соодветен нов.